Пожарите се гаснат со возила стари и над 50 години

Според податоците од шумските стопанства, голем дел од пожарите кои последниве месеци ја зафатија нашата држава, се подметнати на терени кои се тешко достапни за протипожарни возила, кои и онака ги има во недоволен број, а се и во лоша состојба. Неодамна објавената база на податоци од Центарот за граѓански комуникации, покажа дека 30 територијални противпожарни единици во земјата имаат само 220 возила за противпожарна заштита, а во таа бројка не се само цистерните и возилата за гасење пожар, туку и сите други возила на противпожарните екипи. Просечната старост на овие возила е 27 години. Дури 154 од 220-те возила (70%) се произведени во минатиот век. Најстари се две возила од 1966 година, кои ги поседуваат Струмица (од марката ФАП 13) и Валандово (од марката ТАМ 5500).

Најстари се противпожарните возила во Кратово, со просечна старост од 39 години, а “најмладиот“ возен парк го има Велес чии возила се со просечна старост од 18 години. Просечна старост поголема од 30 години имаат и возилата на противпожарните единици во Битола, Гевгелија, Крива Паланка, Крушево, Охрид, Свети Николе, Струга и Струмица.

Согласно со бројот на жители, најмногу возила има противпожарната единица на Град Скопје со 47 возила, просечно стари 26 години. Следува Битола, која ги покрива и Новаци и Могила, со 13 возила просечно стари по 30 години. Во групата со повеќе од 10 возила спаѓа и Струмица, која ги покрива и општините Босилово, Василево и Ново Село, со 12 возила кои се со просечна старост од 30 години. Најмалку, односно по 3 возила, имаат територијалните единици во Демир Хисар (просечно стари 28 години), Кавадарци (просечно стари 25 години), Кратово (просечно стари 39 години), Крушево (просечно стари 38 години) и Македонски Брод (просечно стари 21 година).

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …