Пожарот на Халкидики ставен под контрола

Пожарот на Халкидики ставен под контрола

Поради силен шумски пожар, мораа да бидат евакуирани две места на грчкиот полуостров Халкидики кои се многу популарни меѓу туристите. Засегнати беа околу 250 жители на Сивири и Фурка, како и туристи, кои во четвртокот (13.08) со чамци преку морето беа пренесени на безбедно.

Пожарот за само неколку часа се доближил до двете населени места, кои се опкружени со борови шуми типични за регионот и лесно запаливи. Според противпожарната служба во Грција, евакуацијата по море била единствениот можен пат за бегство. Но и на патиштата околу двете туристички населби се создале големи сообраќајни метежи, бидејќи луѓето се обидувале по копнен пат да стигнат до безбедно место.

Во текот на целиот ден, повеќе од 200 припадници на службите за итни интервенции се бореле со огнената стихија, соопшти противпожарната служба. Вечерта властите објавија дека пожарот е ставен под контрола.

Пламените јазици му се закануваат на туристичко место во Хрватска

И во Хрватска, во текот на изминатата ноќ, поради ширење на шумски пожар беше наредена евакуација на туристичкото место Локва Рогозница на јадранскиот брег. Противпожарната служба ја оцени состојбата како „крајно загрижувачка“, бидејќи пожарот постојано повторно се разгорува поради силните налети на ветер. Околу 150 пожарникари во моментов се обидуваат да го стават под контрола.

Според медиумските извештаи, пламените јазици веќе стигнале до границите на населеното место и уништиле куќи. На видеа и фотографии може да се видат огромни пламени јазици непосредно до првите објекти. Штетата веќе сега е „значителна“, јави јавниот телевизиски сервис ХРТ.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

есм рек битола дзр

ДЗР ги разоткри катастрофалните злоупотреби со јавните набавки во АД ЕСМ

Државниот завод за ревизија објави скандалозен извештај кој открива фрапантни неправилности во планирањето, спроведувањето и …