Пожарот во Кавадарци сѐ уште е активен, зголем бројот на екипи што го гаснат

Пожарот во Кавадарци сѐ уште е активен, зголем бројот на екипи што го гаснат

Зголемен е бројот на протипожарни екипи со цистерни и механизација ќе го гаснат пожарот во Кавадарци помеѓу селата Раец и Ќесендре каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, од утрово се ангажирани по четири екипи на две локации. Од правецот на селото Дреново кон Ќесендре пожарот го гаснат екипи на ЈП „Комуналец“ од Кавадарци со една цистерна, еден скип и двајца вработени, на МВР со еден џип, еден пинцгауер и 4 вработени, од Национални шуми со по еден камион и џип и 4 вработени, како и противпожарната екипа на ТППЕ Кавадарци со два пинцгауери, едно возило и 8 пожарникари. Во реонот на селото Раец пак, од утрово на терен се ЈП „Комуналец“ од Кавадарци со една цистерна за вода, еден скип и двајца вработени, пожарникари од Кавадарци со едно противпожарно возило и 5 пожарникари и од Неготино со еден џип и 4 пожарникари, како и екипа на МВР со 4 вработени.

Во текот на вчерашниот ден во гаснењето беа ангажирани два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување, еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, еден хеликоптер на Армијата, како и пожарникарските екипи од Кавадарци и другите мобилизирани единици кои работат на локализирање и гаснење на пожарот.

Синоќа градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев пријави два нови пожари кај Камен дол, во близина на Каменоломот Градба промет, каде гори нискостеблеста шума и трева, вториот помеѓу селата Цирково и Манастирец, со можност за проширување на голем оган. Двата пожари се на 5 и 8 километри од првиот пожар.

Од ЦУК информираат дека во моментов на територијата на државата се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Освен пожарот кај Кавадарци, во Општина Прилеп гори депонија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Сообраќаен хаос во Тетово: Печалбарите дојдоа, Касами вели градот нема полицајци за да работи пајак-службата

Сообраќаен хаос во Тетово: Печалбарите дојдоа, Касами вели градот нема полицајци за да работи пајак-службата

Слично како и претходните години, и оваа година со доаѓањето на печалбарите во последните два …