Тутунски Комбинат Прилеп

Позитивно финансиско работење на прилепскиот Тутунски Комбинат во првите шест месеци од годината

Финансискиот резултат на Тутунски комбинат АД Прилеп за периодот 01.01.2022-30.06.2022, покажува добивка во износ од 2.646.000 денари. Споредбено со истиот период од претходната 2021 година, забележен е исто така позитивен финансиски резултат.

Во однос на претходната 2021 година, оперативните приходи се зголемени за 38%. Причината за вакво зголемување на оперативните приходи се должи на продажба на дел од откупениот тутун, а во наредниот период ќе следува  продажба на преостанатата количина.

Оперативните расходи се зголемени за 17%, односно од 595.110.000 денари на 697.357.000 денари. Зголемувањето на овие расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“. Трошоците за вработените се зголемени за 20% во однос на претходниот период.

Финансиските приходи се зголемени од 17.720.000 денари на 18.461.000 денари, а финансиските расходи изнесуваат 20.768.000 денари, што претставува

намалување за 21% во однос на претходниот период, кога изнесувале 26.235.000 денари. Намалувањето на финансиските расходи се должи пред се’ на намалување на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва, како и расходите по основ на курсни разлики од работењето со неповрзани друштва.

Оперативна добивка за периодот 01.01.2022 – 30.06.2022 година изнесува 2.646.000 денари, наспроти оперативната добивка од претходниот период во износ од 3.475.000 денари.

Во однос на претходната година, обврските на друштвото по основ на краткорочни кредити се зголемени од 446.405.000 денари на 767.363.000 денари, додека пак

обврските по основ на долгорочни кредити се намалени од 319.604.000 денари, на 306.391.000 денари, што е резултат на затворање на дел од долгорочните кредити.

Друштвото ги исполнува планираните параметри и очекува оваа тенденција да продолжи, така што во наредните квартали се планира целосно да се реализира продажбата на откупениот тутун. Тоа за Тутунски Комбинат АД Прилеп ќе значи остварени повисоки приходи и позитивни финансиски резултати.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …