ПОЗНАТИОТ КОРЕОГРАФ ЛЕО МУЈИЌ СО АНГАЖМАН ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Светски познатото кореографско име, Лео Мујиќ деновиве е во Скопје. Тој на покана на управата на Театар Комедија е задолжен за кореографијата на најновата премиера ,,Жени пред нервен слом”, претстава во режија на Иван Лео Лемо. Премиерата е закажана на 14 мај на големата сцена на театарот.

Од управата на театарот не го кријат задоволството што познатиот кореограф ја прифати поканата да ја работи кореографијата за најновата премиера, и што овој млад театарски ансамбл ја има можноста да соработува со Мујиќ. И за раководството, но и за публиката која на претставите на Театар Комедија ја има во се’ поголем број, сето ова е несомнен доказ дека оваа театарска куќа забрзано чекори напред.

Прочитајте повеќе

Гласовите на поп ѕвездите одекнаа против насилството врз жени и девојчиња

Македонските поп ѕвезди лансираа песна што ќе ги обедини нашите гласови за ставање крај на …