ППК „Крушево“ и ППК „Крива Паланка“ државни кадетски прваци во екипна конкуренција

ППК „Крушево“ и ППК „Крива Паланка“ државни кадетски прваци во екипна конкуренција

Вчера во Куманово, во организација на ППК „Куманово“ и под покровителство на ППФМ, во спортската сала на гимназијата „Гоце Делчев“ се одржа 28 Републичко првенство во екипна конкуренција за кадети.

На првенството учествуваа 10 екипи во конкуренција на кадети и 6 екипи во конкуренција на кадетки.

Најуспешна екипа кај кадетите беше екипата на ППК „Крива Паланка“, која во финалето ја совлада екипата на ППК „Астраион Мега Спин“ од Струмица.

Со бронзени медали се закитија екипите на ППК „Топспин Плус“ од Скопје и екипата на ППК „Винспин“ од Виница.

Пласман Кадети 

1. ППК „Крива Паланка“

2. ППК „Астраион Мега Спин“

3. ППК „Топспин Плус“, ППК „Винспин“

Кај кадетките на златниот медал му се радуваше екипата на ППК „Крушево“, чии што натпреварувачки оваа сезона бележат одлични резултати и во поединечна конкуренција.

Крушевчанки во финалето ја совладаа екипата на ППК „Крива Паланка“ со 3:1

Полуфиналисти беа екипите на ППК „Берово“ППК „Струмица“.

Пласман Кадетки 

1. ППК „Крушево“

2. ППК „Крива Паланка“

3. ППК „Берово“, ППК „Струмица“

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …