Пратеници на СДСМ собираат потписи за свикување седница на Собранието

Пратеници на СДСМ собираат потписи за свикување седница на Собранието

„Точно е дека пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија собира потписи за свикување на седница на Собранието. Секако, станува збор за иницијатива која ќе биде доставена до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Ставот на нашата пратеничка група е дека Собранието во една таква ситуација треба да биде ставено во функција. Сметаме дека тоа е во согласност со Уставот на државата и затоа од таа причина треба да направиме уште еден обид во тој дел. Добро е да се свика Собранието, имајќи го во предвид времетраењето на оваа здравствена криза, но секако и потврдувањето на одлуките на Претседателот на државата“, изјави на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање околу вистиноста на информацијата дека пратеници на оваа партија собираат потписи за свикување на собраниска седница.

Костадинов рече дека оваа иницијатива е единствено во таа насока и дека ова е обид на пратеничката група на СДСМ за тргање на претседателот на Собранието, Талат Џафери, се обични шпекулации.

Портпаролот на СДСМ нагласи дека партијата прави консултации и со пратеници од  други пратенички групи кои го делат истото мислење и дека денеска или во текот на утрешниот ден, иницијативата ќе биде доставена до претседателот на Собранието.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …