Правен субјект со име МПЦ ја купи атрактивната парцела за 60-катници кај „Холидеј Ин“

Правен субјект со име МПЦ ја купи атрактивната парцела за 60-катници кај „Холидеј Ин“

Две фирми ја купиле атрактивната парцела од 9.000 м2 за сума од 312 евра по квадрат спроти скопски ГТЦ, односно хотелот „Холидеј Ин“, на која беше предвидено да никнат 60-катници. Парите се уплатени пред еден месец во државниот буџет, а се работи за 2,9 милиони евра, дознава ТВ24.

Станува збор за купувачи кои се две фирми, во кои како сопственик се води извесен Зоран Антиќ. Првата фирма е М.Г Фешн во сопственост на Антиќ и неговата сопруга Тања, а втората фирмата е „Обновители“ во сопственост на Антиќ и извесен субјект МПЦ.

Од ресорното министерство посочуваат дека на локацијата предвидено е да се градат А2 станбени згради, но и комерцијални објекти. Според градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, урбанистичкиот план ќе се ревидира и на тоа место не би требало да никнат толку високи згради.

Извор: Фактор

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …