Предадена во употреба пречистителната станица за урбани отпадни води во Прилеп

Предадена во употреба пречистителната станица за урбани отпадни води во Прилеп

Во присуство на премиерот Зоран Заев, шефот на Делегацијата на ЕУ во
Република Македонија, Самуел Жбогар, министерот за финансии Драган
Тевдовски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, како и на претставници
на Владата, Советот на Општина Прилеп, вработените во ЈКП „Водовод и
канализација“ и поголем број граѓани, денеска беше предадена во употреба
пречистителната станица за отпадни води во Прилеп.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, рече дека со пуштањето во
употреба на пречистителната станица чија реализација започна во 2008 година,
согласно регулативите на ЕУ, Општина Прилеп исполнува дел од обврските кои се
однесуваат на заштита на животната средина.

Предадена во употреба пречистителната станица за урбани отпадни води во Прилеп„Бенефитите од комплексот објекти за пречистување на урбаните отпадни води,
ќе ги ефектуираат граѓаните. Од денеска, на територијата на општина Прилеп ќе
се пречистуваат отпадните и фекалните води. Тоа значи дека во Црна Река нема
повеќе да се слеваат фекалии. Тоа значи дека земјоделците и градинарите сите
производи кои ги произведуваат, ќе ги полеваат со чиста вода, дека ќе купуваме еколошки чисти производи на пазарите. Земјоделците ќе може да ги извезуваат паралелно своите производи и на европските пазари, затоа што ќе бидат конкурентни. Од друга страна, пречистителната станица ќе придонесе за зачувување на биодиверзитетот, биолошката разновидност и одржливо
користење на нејзините компоненти“, изјави градоначалникот Јованоски.

Предадена во употреба пречистителната станица за урбани отпадни води во Прилеп

Комплексот на објекти во пречистителната станица, Министерството за животна
средина ќе му ги предаде на Општина Прилеп, која подоцна со одлука Совет, ќе
му ги додели на ЈКП „Водовод и канализација“.
Во име на граѓаните на Република Македонија, премиерот Зоран Заев искажа
благодарност до ЕУ и амбасадорот Самуел Жбогар, за нивната посветеност со
која помагаат во инфраструктурниот и долгорочниот развој на нашата држава.

Предадена во употреба пречистителната станица за урбани отпадни води во Прилеп„Општина Прилеп, со реализација на оваа инвестиција финансирана со средства од ИПА и со дополнителни буџетски средства, добива значаен инфраструктурен објект – пречистителна станица, една од најголемите од овој тип, која ќе ги
пречистува отпадните води и со тоа ќе придонесува за заштита и унапредување на животната средина и здравјето на луѓето. Вредноста на проектот е околу 23 милиони евра, од кои 17,5 милиони се од ЕУ, а останатите од буџетот на РМ. Досега изградени и пуштени во употреба се пречиститените станици во Струмица, Радовиш, Кичево и Прилеп, а следува изградбата и во Битола и Тетово, повторно во соработка со ЕУ. Нашите цели полесно ќе ги постигнуваме со взаемна соработка на институциите и со нашите партнери и поддржувачи од ЕУ“, потенцираше премиерот Заев.

Првиот човек на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар,
рече дека ваквите проекти се суштината на поддршката на ЕУ.

Предадена во употреба пречистителната станица за урбани отпадни води во Прилеп„Тие се видливи, носат директна корист за граѓаните и тие ве носат поблиску до
европската иднина. Пред една и пол година го посетив Прилеп и тогаш беше
изградена само една четвртина од оваа пречистителна станица. Благодарејќи на
огромните напори од сите засегнати страни, денеска со гордост можам да говорам за уште еден успешен проект од ЕУ. Ова е најголемата и најубавата пречистителна станица во Македонија, која е кофинансирана од ЕУ и која вклучува 60 км канализациска мрежа. ЕУ останува посветена на заедничкото работење, се’ со цел да се обезбеди позелена и подобра иднина за сите граѓани. Се’ со цел, граѓаните да можат да ја замислат европската иднина, која денеска е поблиску од кога и да е“, изјави амбасадорот Жбогар.

Предадена во употреба пречистителната станица за урбани отпадни води во Прилеп

На свеченото предавање во употреба на пречистителната станица, говореа и
министерот за финансии Драган Тевдовски, како и заменик министерот за животна
средина и просторно планирање, Јани Макрадули. Тие потенцираа дека ваквите
инфраструктурни проекти се значајни од повеќе причини: затоа што обезбедуваат
почиста животна средина и подобри услови за живот за граѓаните и поради
давањето значаен придонес во економскиот раст и зголемување на бруто
домашниот производ, а придобивки има и за локалниот развој во регионите во кои
проектите се спроведуваат.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …