Предавање по повод Денот на победата над фашизмот: „Македонија и Прилеп – Градот херој во борбата против фашизмот“

Предавање по повод Денот на победата над фашизмот: „Македонија и Прилеп – Градот херој во борбата против фашизмот“

По повод 80-годишнината од победата над фашизмот, 50-годишнината од одликувањето на Прилеп со орденот „Народен херој“ како и 70-годишнината од основањето на Народниот музеј – Прилеп, синоќа во ЦК „Марко Цепенков“ се одржа предавање на тема „Македонија и Прилеп – Градот херој во борбата против фашизмот“.

Во излагањето поткрепено со фотографии и фактографски податоци, историчарот-кустос советник Рубинчо Белчески говореше за важноста на трите значајни јубилеји.

„Во големата победа над фашизмот, во антифашистичката коалиција се вгради и македонскиот народ, за кого антифашистичката борба беше и борба за национална слобода и создавање своја држава. Македонскиот народ го прифати повикот на КПЈ за приклучување кон прогресивните антифашистички сили и заедно со другите југословенски народи покажа готовност во текот на НОВ со оружје да се здобие со национална слобода и независност. Победата над фашизмот беше платена со 25.000 жртви, вклучувајќи ги и 7.144-те македонски Евреи кои бугарскиот окупатор во 1943 година ги депортираше во концентрациониот логор ‘Треблинка’ во Полска каде сите, без исклучок, беа погубени во гасните комори на злогласниот логор“, истакна Белчески.

„Денес се присетуваме на уште еден значаен датум, 7 мај 1975 година, кога по повод 30-годишнината од победата над фашизмот, Претседателот на СФРЈ Јосип Броз – Тито на Прилеп му го додели високото признание Орден и Повелба за Град – Народен херој. Со овој Орден вкупно се одликувани 1.323 борци, 27 воени единици и установи, 22 странски државјани, 8 градови и 4 организации. Постојат многу причини поради кои Прилеп го доби ова признание: во Втората светска војна Прилеп и прилепско дале 8.000 учесници од кои 2.700 активни борци со оружје во рака, 650 жртви, 15 Народни херои и 154 носители на Партизанска споменица“, потенцираше Белчески.

Во своето синоќешно излагање историчарот-кустос советник, Рубинчо Белчески, се осврна и на 70-годишнината од основањето на Народниот музеј – Прилеп, денешната Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Прилеп, чии поранешни и сегашни вработени се вградија во создавањето и развојот на оваа респектабилна институција.

Прочитајте повеќе

Повторно судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Повторно судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се …