Предлог на Министерството за здравство: Од среда, полицискиот час да почнува во 23 часот, угостителските објекти да работат до 22.30

Предлог на Министерството за здравство: Од среда, полицискиот час да почнува во 23 часот, угостителските објекти да работат до 22.30

Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки:

– забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;

– време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот:

Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од среда, 5 мај 2021 година.

Прочитајте повеќе

Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, ќе прифатите ли зголемување на минималната плата на 500 евра

Тренчевска: Владата крати пари за најранливите категории граѓани, социјалната заштита под удар

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во своето обраќање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет …