Предлогот за одземање на мандатот на Груевски на пленарна седница

Предлогот за одземање на мандатот на Груевски на пленарна седница

Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски е ставен на дневниот ред на пленарната собраниска седница како последната 20-та точка. Седницата според објавата на интернет страницата на Собранието, е закажана да почне во 11 часот.

Пред два дена собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања предложи одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. Одлуката беше изгласана со пет гласа „за“ од деветчлената собраниска Комисија. Неизвесно е дали две третини од пратениците ќе го поддржат предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски. Поранешниот премиер е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Прочитајте повеќе

технички преглед

МВР разби криминална мрежа: Проневерени 2,2 милиони евра преку технички преглед

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал разби криминална група која преку станица за …