Газа

Преговори за прекин на огнот во Газа: Претставници на Хамас на разговор за предложениот договор

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, се очекува да отпатува за Вашингтон во недела на разговори со Трамп за војната во Газа, за неодамнешната војна меѓу Израел и Иран, како и за други регионални прашања

Лидерите на Хамас се блиску до прифаќање на предложениот договор за прекин на огнот во Газа, но сакаат посилни гаранции за траен крај на 20 месечната војна, додека Нетанјаху се подготвува да лета за САД на разговори со Трамп, пренесува „Гардијан“.

Функционерите на Хамас се состанаа во четврток во Истанбул за да разговараат за предлозите за прекин на огнот, а подоцна преку соопштение информираа дека разговараат со други „палестински фракции“ пред официјално да објават одговор.

Милитантната исламистичка група е под огромен притисок во последните месеци, нејзиното воено раководство е десеткувано, а израелската војска ги принудува борците да се иселат од поранешните упоришта во јужните и централните делови на Газа.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, се очекува да отпатува за Вашингтон во недела на разговори со Трамп за војната во Газа, за неодамнешната војна меѓу Израел и Иран, како и за други регионални прашања.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Високи Температури

Топлотните бранови во Шпанија предизвикаа повеќе од илјада случаи во последните два месеци

Огромното мнозинство од луѓето што починале биле над 65 години, а повеќе од половина биле …