Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето на сивата економија. Истовремено користејќи ја технологијата ќе се преземаат и понатамошни мерки за подобрување на фискалната транспарентност, како предуслов за фискална ефикасност.

Ова се дел од темите кои беа дискустирани на средбата помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска со заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд Тао Жанг, којa се одржа во Скопје, а на кој присуствуваше и шефицата на Канцеларијата на Фондот во Виена, Штефани Ебле.

„Меѓународниот монетарен фонд, во завршната изјава од неодамнешната редовна мисија во земјава посочи дека преку реформите за сузбивање на сивата економија ќе се помогне во подобрување на деловната клима во земјата и ќе се заштитат работниците, а исто така ќе имаат и потенцијално големи придобивки во смисла на приходи. Фондот посочи дека неформалната економија е штетна поради соочување на легалните бизниси со нелојална конкуренција, која не плаќа даноци или не е усогласена со регулативите, додека работниците во неформалниот сектор се лишени од работничките права, а јавните ресурси се намалени“, соопштуваат од Министерство за финансии.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Откако актуелната влада го подигна нивото на социјална помош, се водат дебати дали воопшто се …