Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Генералната дебата на ООН во Њујорк

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Генералната дебата на ООН во Њујорк

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска, во 16:00 часот по македонско време ќе учествува и ќе се обрати на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД). Тема на годинешната генерална дебата е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“.

Со ова обраќање премиерот Ковачевски ја завршува посетата на САД и учеството на 77-то Генерално собрание на ООН во Њујорк.

Во рамките на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации, премиерот Ковачевски учествуваше и се обрати на Самитот за трансформација на образованието, како и на состанок по повод 30 години од Декларацијата за права на малцинствата.

Премиерот Ковачевски, за време на работната посета на Њујорк одржа и предавање на престижниот Колумбија Универзитет, каде го претстави уникатниот македонски демократски и економски модел, а со бројните присутни професори и студенти дискутираше за предизвиците од економската и енергетската криза наметнати од руската агресија врз Украина, регионалниот развој, ЕУ интеграциите на Северна Македонија, како и потенцијалите на регионалните иницијативи како што е иницијативата Отворен Балкан.

Воедно, премиерот Ковачевски оствари средби со Генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, со лидерите на државите од Западен Балкан и потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел, претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, министерот за надворешни работи на Република Азербејџан, Џејхун Бајрамов, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, помошник-државниот секретар во Бирото за политичко воени работи, Џесика Луис, како и со Дерек Шоле, советник на Стејт департментот и со претставници на Американскиот еврејски комитет.

На покана на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, премиерот во придружба на сопругата присуствуваше на свечениот прием кој го организираше во рамки на 77-то Генерално Собрание на ООН. Премиерот и сопругата присуствуваа и на прием организиран од страна на градоначалникот на Њујорк, Ерик Адам.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …