Ковачевски

Премиерот Ковачевски на свечена церемонија во Александропули по повод започнување на изградбата на ЛНГ терминалот

Утре, 3 мај 2022 година, премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на свечената церемонија по повод започнување на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александропули.

На свечената церемонија обраќања ќе имаат и премиерите на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, како и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …