Ковачевски

Премиерот Ковачевски со честитка за 8 Март: Одлучни и силни жени се двигатели на општеството!

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски упати честитка по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

„Денеска го одбележуваме 8 Mарт, Меѓународниот ден на жената, првиот од 365 дена борба за економска, политичка и социјална еднаквост на жените. Жените заслужуваат признание за нивната храброст, упорност, достоинство и борбеност на сите фронтови. И тоа не само на овој ден, туку секој ден“, истакна премиерот Ковачевски во пораката.

Потенцирајќи го значењето на улогата на жената, тој истакна:

„Целосно и безрезервно ги поддржувам во напорите за препознаеност на нивната безвременска улога во општеството, каде, рамо до рамо со мажите, остваруваат огромни успеси во различни сфери и со своите способности, вештини и квалитети ги бришат границите и препреките за наредните генерации. Одлучни и силни жени се двигатели на општеството! Честит 8 Март!“, порача премиерот Ковачевски во честитката по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

Прочитајте повеќе

Агенција за храна АХВ

АХВ казнила продавачи на сирење на пазарчето во Буњаковец и месар во Прилеп

По надзорот на пазарот во Скопје, инспекторите на Агенцијата уништиле 8 килограми сирење, 2 килограми …