Премиерот Ковачевски утре во посета на прилепскиот Тутунски Комбинат и на увид во изградбата на патот Дреново-Фариш

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, утре во 12:00 часот ќе го посети Тутунскиот Комбинат во Прилеп, при што ќе оствари средба со менаџментот и ќе го посети откупниот пункт на тутун.

Оттаму, премиерот Ковачевски во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми ќе изврши увид во работите на експресниот пат Дреново-Фариш.

Прочитајте повеќе

Ковачевски на автопатската делница Демир Капија- Неготино

Ковачевски на автопатската делница Демир Капија- Неготино, дел од Коридорот 10: Вложуваме во безбедноста на граѓаните и ја поврзуваме државата со Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и …