Премиерот Ковачевски во Тирана на Самитот Западен Балкан – Европска Унија

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите од Западен Балкан денеска ќе учествува и ќе говори на Самитот за Западен Балкан – Европска Унија во Тирана, Република Албанија.
Учесниците на Самитот ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а најавено е присуство на највисоки претставници од ЕУ. На Самитот е предвидено земјите од Западен Балкан со ЕУ да усвојат декларација за зајакнување на соработката во повеќе сегменти со што се обезбедуваат подобри услови и бенефиции за граѓаните од земјите од Западен Балкан. Исто така е предвидено да се потпише договор за намалување на цените на роаминг тарифите помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ.
Премиерот Ковачевски на Самитот во Тирана ќе учествува и на две панел дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедување на демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Тирана се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Прочитајте повеќе

Ана Брнабиќ повеќе нема да биде премиерка, туку кандидат за претседателка на српското собрание

Ова сега е сосема друга работа и почнувам да учам уште од вечерва, изјави Брнабиќ …