Премиерот Спасовски испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер Гончарук за авионската несреќа

Премиерот Спасовски испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер Гончарук за авионската несреќа

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер Олексиј Гончарук, по веста за трагичната авионска несреќа.

„Со жалење ја примив веста за авионската несреќа на украинскиот Боинг 737, што се случи во близина на техеранскиот аеродром, а во којашто животот го загубија повеќе од 170 лица. Од името на Владата на Република Северна Македонија и од свое лично име, упатувам искрено сочувство до Вас, до украинскиот народ и до семејствата на настраданите“, е наведено во телеграмата испратена од премиерот Спасовски до украинскиот премиер Гончарук.

Прочитајте повеќе

Комарец треска

Тројца починати од западнонилска треска, шест пациенти се во критична состојба

Трет пациент почина од западнонилска треска во земјава, додека шестмина од хоспитализираните се во критична …