Премиерот Заев и министерот Бесими за Буџетот 2021: Eкономска стабилност и забрзан раст со фокус на здравство и инвестиции

Премиерот Заев и министерот Бесими за Буџетот 2021: Eкономска стабилност и забрзан раст со фокус на здравство и инвестиции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, на денешната прес-конференција го презентираа новиот предлог за Буџетот за 2021 година – Буџет за економска стабилност и забрзан раст, со долгорочна фискална консолидација за 2021-2025 година, кој понатаму ќе биде доставен за усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.

Премиерот Заев истакна дека Буџетот е избалансиран, со фокус на здравствениот систем, економијата, капиталните инвестиции, системска функционалност и поддршка на реформите во правосудството и евроинтеграциите

Премиерот рече дека она што ни е општо познато, нам и на целиот свет кој се бори со пандемијата, е дека клучот за подобрување на економската состојба и состојбата на пазарот на трудот е подобрување на здравствената состојба и намалување на бројот на заразени лица.

„Во таа насока главните приоритети на буџетската политика во 2021 година се: Поддршка на здравствениот сектор како прв приоритет, што значи заштита на здравјето и животите на граѓаните, втора цел е економско заздравување и економски раст преку мерки за социјално ранливи категории, поддршка на економијата и зачувување на работните места. Нашиот фокус во текот на 2021 година колку што е можно повеќе го насочуваме на политики коишто ќе поддржат инвестиции за зголемување на конкурентноста и политики коишто ќе поддржат реализација на капиталните инвестиции, што на среден рок ќе значи одржлив раст односно забрзување на стапката на растот. Третиот приоритет на буџетската политика во 2021 година е непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евроатланските интеграции“, изјави Заев.

Премиерот Заев подвлече дека фискалната консолидација и редизајнирањето на буџетската политика претставуваат клучни елементи на фискалната политика за поддршка на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, а со тоа и зајакнување на потенцијалнот за раст на домашната економија.

„Предлог Буџетот за 2021 година, обезбедува одржливост, рационализирање на трошењата со оптимизација на расходите на јавната администрација и дигитализација на јавните услуги како и прецизни проекции со цел ефикасно справување со епидемијата. Дополнително, обезбедена е буџетска резерва и во случај на продолжено траење на пандемијата“, изјави Заев и додаде дека во 2021 година, очекуваме економско заздравување и раст од 4,1% во услови на очекувано закрепнување на инвестициите, потрошувачката и надворешната побарувачка.

Министерот Бесими рече дека фискалната консолидација, односно намалувањето на разликата помеѓу расходите и приходите во буџетот е неопходна за да се постават здрави основи за стабилна економија и раст.

„Оттаму, предвидовме политики со кои во следните пет години постепено ќе се намалува истиот – односно во 2022 година истиот е проектиран на – 3,8%, во 2023 година на -3,2%, во 2024 на -2,8% и 2025 година на -2,1%. Со ова на среден рок ќе се стабилизира и јавниот долг, односно проекцијата е дека до 2025 истиот ќе с намали на 58,8% од БДП.  Фискалната консолидација ќе се постигне преку: подобрување на наплатата на буџетските приходи, намалување и преструктуирање на буџетските расходи и промени во изворите на финансирање на буџетскиот дефицит“, изјави Бесими.

Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари и истите се за 8,3% повисоки во однос на вториот Ребаланс 2020 година, додека расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1% пониско во однос на вториот Ребаланс 2020 година. Вака планираните приходи и расходи резултираат со буџетски дефицит на ниво од 4,9% од планираниот БДП или во апсолутен износ од 34,9 милиони денари. Планираниот дефицит е во согласност со определбата за фискална консолидација, пропратена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден фискален простор за поддршка на домашната економија и граѓаните и реализацијата на инфраструктурните проекти.

Владата согласно приоритетите  се фокусира на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, заштитата на животната средина.

Капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година, при што за финансирање на инвестициите планирано е да се обезбедуваат средства од повеќе извори и тоа: буџетски средства, ИПА фондови и заеми.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …