Премиерот Заев ќе се обрати на доделувањето на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ програмата

Премиерот Зоран Заев и главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми Сани Шенер, денеска ќе се обратат на настанот по повод доделувањето на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ програмата.

Договорите на градоначалниците ќе им ги доделат Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции и Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонијa.

На настанот ќе присуствуваат и првиот заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …