Премиерот Заев ќе се обрати на официјалното отворање на фабриката „Гересхајмер“

Премиерот Заев ќе се обрати на официјалното отворање на фабриката „Гересхајмер“

Денеска во 10 часот, премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министрите за здравство и економија, Венко Филипче и Крешник Бектеши, како и со директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, ќе присуствуваат на официјалното отворање на фабрика „Гересхајмер“ во Технолошко индустриска развојна зона Скопје 2, „Бунарџик“.

Станува збор за германска инвестиција од областа на фармацевтската и здравствената индустрија, кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Во првата фабрика на „Гересхајмер“ во Северна Македонија се произведуваат пластични системи за фармацевтската индустрија.

Прочитајте повеќе

непотребно извршени операции на срце

Кај 10 пациенти биле непотребно извршени операции на срце, утврди интерната комисија за кардиолошки интервенции

Во втората фаза од анализата, нашите членови на комисијата ќе работат со меѓународни експерти, на …