Премиерот Заев на средба со џудистите Берна и Еди Шерифовски

Премиерот Заев на средба со џудистите Берна и Еди Шерифовски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска, во својот кабинет ги прими младите спортисти-џудисти, сестрата и братот, Берна и Еди Шерифовски, кои се државни прваци и имаат освоено значајни успеси на балкански, европски и светски првенства.

Со младите надежни спортисти, премиерот Заев разговараше за нивната голема љубов кон овој спорт, кој како што истакнаа ги учи на дисциплина, посветеност и почит кон другите.

„Како Влада на Република Северна Македонија, обезбедуваме неопходна поддршка за остварување квалитетни спортски можности, воведуваме механизми за обезбедување соодветни услови за тренинзи на спортистите, затоа што спортот е сериозна мотивација за младите луѓе. Истовремено, нивните постигнати резултати ни се многу важни, треба да ги подигнеме на пиедестал и да бидат пример за сите млади граѓани, бидејќи нема поголема афирмација на државата од спортот“, рече премиерот Заев поздравувајќи ги младите спортисти.

Младите спортисти, се заблагодарија за срдечниот прием кај премиерот Заев и му ги изложија своите планови за во иднина, потенцирајќи дека кога одат на натпревари каде ја претставуваат својата земја се горди, бидејќи ја чувствуваат поддршката од државата зад себе, што им претставува дополнителен мотив за што подостоинствено претставување на нивната татковина и остварување на високи спортски резултати.

Во знак на почит и благодарност, младите спортисти на премиерот Заев му ги подарија своите последни освоени медали за спомен.

Прочитајте повеќе

време облачно студено

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Атмосферските модели и проценки упатуваат на потопло лето. Во јули и во август може да …