Премиерот Заев на средба со Полио Плус

Премиерот Заев на средба со Полио Плус

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со претседателот на здружението Полио Плус што ги застапува правата и слободите на лицата со хендикеп, Звонко Шаврески и со програмскиот раководител на Полио Плус, Елена Кочовска.

На средбата се разменија мислења за продлабочување на соработката помеѓу Владата на Република Македонија и Полио Плус и други граѓански организации кои ги застапуваат правата на лицата со хендикеп посебно во делот на подготовката за почетокот на претпристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, односно за поглавјата кои ќе значат усогласување со европските стандарди за подобрување на условите за живот на лицата со хендикеп.

На средбата посебно се нагласи потребата за изнаоѓање на можности кои ќе овозможат непречена и целосна имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ги потврди цврстите заложби на Владата на Република Македонија за овозможување на соодветни услови за институционална вклученост на лицата со хендикеп во процесите на одлучување кои се однесуваат за подобрување на условите за живот на оваа категорија граѓани и изрази силно уверување дека низ заедничка соработка со здружението Полио Плус ќе произлезат многу решенија коишто ќе бидат од интерес и во служба на подобрување на условите за живот на граѓаните со хендикеп.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …