Премиерот Заев од Штип: На референдумот ја заокружуваме нашата одлука за европска Македонија

Премиерот Заев од Штип: На референдумот ја заокружуваме нашата одлука за европска Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на првиот митинг на Коалицијата за европска Македонија што се одржа во Штип, повика граѓаните сплотено да ја преточат одлуката за евро-атлантски интеграции на Македонија, со гласање “ЗА“ на Референдумот на 30-ти септември. Во своето обраќање, Заев меѓу другото рече:

„Штип е за европска Македонија и за добра иднина.

Со одлуката, на референдумот, ја заокружуваме нашата одговорност, лична, граѓанска, политичка, пријателска, за иднината на европска Македонија.

Ние градиме мостови почитувани пријатели. Градиме пријателство со земјите од соседството, пријателство со ЕУ и НАТО, затоа што само со пријатели ќе ‘не биде.

Долги години немаше кој да превземе одговорност. Поради тоа се замагли видикот на одамна поставените стратешки интереси на земјата, членството во ЕУ и НАТО, а со тоа и иднината, сигурноста и безбедноста на нашата земја и граѓаните.

Ние рековме, време е.

Време е да ја решиме единствената пречка, нашата земја да биде впишана во заедницата на рамноправни народи на ЕУ и да застане рамо до рамо, еднаква, со земјите членки на најсилната безбедносна светска коалиција, НАТО.

Наша одговорност беше да го решиме отвореното прашање, кое ја загрозуваше иднината на Македонија. Ја презедовме одговорноста. Го решивме спорот.

Наша одговорност и света должност беше да го сочуваме идентитетот македонски. Не само што го зачувавме, туку и го потврдивме и го зајакнавме.

И да бидете горди!

Зачуван е целосно македонскиот идентитет, тој е потврден и признаен од целиот свет!

Еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишуваат во ризницата на светски народи и јазици. И никој повеќе нема дилеми, никој не го оспорува тоа.

Република Македонија го направи изборот, избра иднина, наместо изолација.

Ве повикувам да ги охрабрите и другите, овде ‘не личи заедно, сплотени, за втората независност на нашата Македонија!“

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …