Премиерот Заев со претставници на ЕБОР: Продолжува соработката во насока на интензивирање на проектите за економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните

Премиерот Заев со претставници на ЕБОР: Продолжува соработката во насока на интензивирање на проектите за економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска имаше работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), регионалната директорка за Западен Балкан, Жужана Харгитаи и директорот на канцеларијата во Скопје, Анди Аранитаси.

На средбата, од двете страни беше изразено задоволство од позитивната соработка помеѓу Северна Македонија и ЕБОР и беше изразена јасна волја за продолжување на истата со воспоставената динамика, со акцент на имплементација и реализација на тековните проекти, кои обезбедуваат развој на економијата и го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.

Беше потенцирано дека продолжува поддршката за реализација на проекти во транспортниот сектор, односно патната и железничката инфраструктура, во делот на енергетската инфраструктура, гасификацијата, проекти за почитување на стандардите за заштита на животната средина и поддршка на малите и средни претпријатија во земјата.

Беше изразена подготвеност за интензивирање на соработката во насока на унапредување на поврзаноста на регионално ниво, со соседните земји, со цел подобрување на економскиот раст и покрај здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.

На денешната работна средба беше поздравено објавувањето на Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, од страна на Европската Унија и беше оценето дека регионалниот развој и соработката меѓу земјите ќе придонесе за подобрување на условите за инвестирање и отворање нови работни места.

Прочитајте повеќе

Од ССНМ и ЗНМ бараат објаснување зошто новинари биле повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови

Од ССНМ и ЗНМ бараат објаснување зошто новинари биле повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови

Според достапните информации, забраната за користење на дронови беше официјално објавена пред 20 часот, речиси …