Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев утре ќе присуствува на Македонскиот енергетски форум којшто се одржува во хотел Изгрев, Струга. Предвидено е во 10:30 часот премиерот Заев да го отвори Македонскиот енергетски форум со свое обраќање. Во панел дискусиите ќе учествуваат Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Во текот на утрешниот ден, премиерот Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и со министрите за образование и наука и за здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче ќе учествуваат на меѓународната научно – стручна конференција, „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија“, која што ќе се одржи утре со почеток во 13.00 часот ќе се одржи во хотел „Капри“ во Битола.