Премиерот Заев во еднодневна посета на Албанија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска ќе оствари еднодневна работна посета на Република Албанија.

Заев ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан. Со Самитот ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.

Премиерот Заев заедно со премиерот Рама на маргините на Самитот ќе го потпишат и Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.

Во текот на попладневните часови, Заев ќе го отвори Културниот центар на Република Северна Македонија во Тирана

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …