Вода водата чешма

Препораки од ИЈЗ: Не ја пијте водата веднаш откако ќе биде пуштена

Оттаму велат дека населението треба да биде запознаено и информирано дека ризиците по здравјето кои може да се јават не само за време на недостатокот на вода, туку дури и да се зголемат после пуштањето на водата за пиење во водоводната мрежа

Институт за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со нови препораки за скопјани во однос на тоа како да се однесуваат откако повторно ќе биде пуштена водата во главниот град по завршуивање на операцијата на ЈП Водовод и канализација.

Оттаму велат дека населението треба да биде запознаено и информирано дека ризиците по здравјето кои може да се јават не само за време на недостатокот на вода, туку дури и да се зголемат после пуштањето на водата за пиење во водоводната мрежа односно по отстранување на дефектот.

Ви пренесуваме дел од препораките на ИЈЗ:

  • Граѓаните да не ја пијат веднаш водата по нејзиното пуштање во водоводната мрежа зашто контактното време на резидуалниот хлор и водата во мрежата (време потребно резидуалниот хлор да почне да делува врз микробиомот присутен во водата), во услови на пониски амбиентни температури може да потрае и до 1 час;
  • Може да се очекува водата за пиење по пуштањето во водоводната мрежа да ја промени бојата, добие невообичаен мирис, да има видлива заматеност или евентуално страни тела (ситни зрнца песок или инсект и сл.). Во таков случај, повторно се препорачува истата да не се пие сè до момент на стабилизација на тие органолептички својства (боја, мирис, вкус, заматеност);
  • По добро истекување на водата, потребно е добро да се исчистат мрежичките на чешмите (во средство за чистење бања или бел оцет);
  • Како дополнителна мерка на внимателност се препорачува, доколку граѓаните сепак одлучат веднаш да ја пијат водата, истата да се преврие многу кратко (1 -2 минути), потоа да се разлади и консумира;
  • Граѓаните треба да имаат предвид дека превриената вода го губи благопријатниот вкус. Истиот може да се подобри доколку водата се претура од една во друга чаша неколку пати, со цел да врзе повеќе кислород од воздухот (процес наречен аерација);
  • Во однос на водата за капење, препорачуваме после доаѓањето на водата во водоводната мрежа, задолжително да се зголеми температурата на водата во бојлерите (во кујна, бања и сл.), со цел дополнително превентивно термичко уништување на бактериите доколку потенцијално навлегле во водоводната мрежата;
  • Најдобро е температурата на топлата вода во чешмите да биде над 55 С, сепак потребна е мерка на внимателност да не дојде до изгореници особено кај мали деца или повозрасни лица.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Уште една акција од 15 минути молк за 15 жртви во Нови Сад

Уште една акција од 15 минути молк за 15 жртви во Нови Сад

Во повеќе градови во Србија во неделата беше одржан 15-минутен молк за 15-те жртви од …