Пресметката со „пркосот“ во СДСМ има подолга историја

Пресметката со „пркосот“ во СДСМ има подолга историја

„Ништо не е црно-бело. Ниту раководството на СДСМ е 100 % право, ниту учесниците во платформата „Разговори за иднината во 12:05“. Вистината е дека актуелното раководство на СДСМ, кое е предмет на критика, не е причина туку последица на политика која во многу подолг временски период, стапка по стапка, губеше контакт и со социјалдемократијата и со членството и со граѓаните”.

Ова е ставот на истакнат член на СДСМ, кој избира анонимност, затоа што не сака да го ставаат во оваа или онаа група, во време кога, како што вели „вистината е некаде помеѓу”.

Тој е еден од многуте, кои со внимание ги следат критиките што се разменија меѓу припадниците на „исто стебло“, особено реакциите на СДСМ по јавните изјави на Игор Ивановски, учесник во платформата платформата „Разговори за иднината во 12:05“ и поранешен висок функционер во партијата. Ивановски на ТВ Сител изјави дека постои поздемен договор меѓу власта и група поединци во СДСМ, заради лични интереси, со што власта добива време, а таа група – слобода.

Каде беше реформаторот?

Оваа, и други изјави од Ивановски, беа повод минатиот викенд СДСМ да испорача повеќе критики кон учесниците во платформата. СДСМ потсети дека Игор Ивановски, кој денес се претставува како реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, бил генерален секретар на СДСМ, потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година, кога партијата ја загуби власта, бил шеф на тимот кој ја пишувал програмата и го подготвувал програмскиот конгрес.

Членови на СДСМ седат на маса. Зад нив стои плакат на кој пишува „Разговори за иднината“  а во горниот лев агол е отсликано македонското знаме
Кој е во право : учесниците во платформата „Разговори за иднината“ (на фотографијата) или раководството на СДСМ?

„Зошто Ивановски, тогаш не направи своја реформска програма и не се кандидира против председателот Венко Филипче, кој победи со 18.000 гласови? (…) Особено е апсурдно кога во оваа ‘платформа’ се појавува и Славјанка Петровска – која во 2024 година беше носител на листа и министерка во владата на СДСМ. Тогаш кога рејтингот е полош, за тоа е крив некој друг, а таа сега ќе прави реформи?“, реагираа од СДСМ.

Органите и телата на СДСМ неделава ќе дискутираат за учеството на актуелната пратеничката во споменатата платформа. Таа во подолга објава на Фејсбук направи ретроспектива на нејзиниот ангажман во СДСМ во изминатите години.

„Останав СДСМ. Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ, туку за СДСМ. Затоа што јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување“, напиша Петровска.

Но, наведе и дека работите во партијата не се менуваат на подобро.

„Во 2024 година се кандидирав за претседател на СДСМ. Понудив програма наречена Манифест за социјалдемократијата. Се повлеков заради кршење на принципите и правилата. Но, во моите настапи секогаш ги бранев ставовите на раководството, за да не се толкува дека опструирам. Соработував и помагав за доброто на СДСМ. Но, работите не се менуваа на подобро“, оцени таа.

Мора да се разговара без суети

Нашиот соговорник од СДСМ не верува дека Петровска би била санкционирана заради учество во платформата.

„Славјанка е ценет член на партијата, личност која секогаш отворено го искажува својот став и секогаш работела за доброто на СДСМ. Таквите членови се драгоцени“, вели тој.

Македонската политичарка и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска се обраќа од говорница. Зад неа се гледаат големо македонско знаме и тројца припадници на АРМ
Славјанка Петровска: Работите во СДСМ не се менуваат на подобро

Но, потсетува дека токму во мандатите на дел поранешни функционери во СДСМ, кои денес разговараат за иднината на партијата и државата, биле исклучени многу членови заради различно мислење, без каков било дијалог. Меѓу нив е Нано Ружин, исклучен од партијата пред повеќе од две децении, затоа што ја прифатил понудата од ВМРО-ДПМНЕ да биде амбасадор во НАТО. На крајот од 2012 година, во пресрет на локалните избори во 2013 година, беа донесени одлуки за престанок на членство во СДСМ за Димитар Бузлевски и Виктор Цветковски кои се кандидирале за независни кандидати без согласност на матичната партија. Исклучен беше и Владо Бучковски исклучен „заради функционирање и работење спротивно на интересите на партијата”, по што ја формираше Алијансата за позитивна Македонија. Дел од исклучените се вратија во партијата откако нов лидер стана Зоран Заев.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Не вдишувајте! Како чадот од шумски пожар „влијае на целото тело“?

Не вдишувајте! Како чадот од шумски пожар „влијае на целото тело“?

Истражувачите почнуваат да го разбираат долгорочното влијание на изложеноста на чад од шумски пожари врз здравјето на …