Во нашата држава, времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија. Попладне, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 25 степени Целзиусови.

Слично време, променливо облачно и нестабилно, проследено со обилни врнежи од дожд кои на места ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град, ќе се задржи во текот на следните неколку денови.