Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд

Во нашата држава, во претпладневните часови ќе имаме сончево време со умерена облачност, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, на места врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Во источните делови на земјата се очекува да наврнат над 20 л/м2. Максималната температура ќе достигне 31 степен а УВ=8.

Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со врнежи од дожд проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервалот од 17 до 27 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Бугарија го отвори воздушниот простор – Лавров доаѓа на министерскиот самит во Скопје

Ова ќе биде прва посета на Лавров во земја членка на НАТО откако Русија ја …