Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во текот на ноќта ќе се прошират на територијата на целата држава. Ќе дува умерен северен ветер, а максималната температура ќе се движи помеѓу 3 и 9 степени.

Утре ќе биде облачно со врнежи од снег, особено претпладне. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава. До крајот на денот насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см. Поради засилениот северен ветер, можна е појава на снежни наноси.

Во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.