Во претпладневните часови на денешниот ден, ќе преовладува променливо облачно време со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови. Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од 12 до 20 степени Целзиусови.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место