ОВР Прилеп безбедносната состојба во Прилеп е стабилна

Претрес во Прилеп, прoнајдено оружје, приведени две лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп – Отсек за недозволена трговија, денеска ги лишиле од слобода Е.Е.(34) и С.Д.(29), двајцата од Прилеп.

При претрес во нивните домови извршени со судска наредба, кај Е.Е. бил пронајден и одземен пиштол марка „Ekol Tuna” без муниција, додека кај С.Д. биле пронајдени и одземени пиштол марка „Застава” и 6 куршуми калибар 6,35 мм. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Прочитајте повеќе

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утринава се пријавил кај македонските власти по што …