дрога

Претрес во Скопје: пронајдени над 140 опаковки со дрога, одреден е притвор

Против 37-годишно лице е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена

При извршен претрес во Скопје биле пронајдени биле 73 паковки со марихуана, 56 опаковки со кафеава прашкаста материја, 13 опаковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9.060 евра и 14.100 денари, информираше МВР.

Претресот бил извршен во домот на 54 годишниот Р.Џ., кој е приведен заедно со 37-годишниот М.А.

„Против 37-годишното лице е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје“, велат од МВР.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Во Северна Македонија се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а околу 10.000 грла се угинати. Надлежните …