Претреси во Прилеп, пронајдена дрога, приведени две лица

Претреси во Прилеп, пронајдена дрога, приведени две лица

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп извршени биле претреси на две локации во Прилеп, при што од слобода се лишени две лица.

Имено, вчера во 07.00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ф.(39) од Прилеп, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Денеска во 07.15 часот од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при ОВР Прилеп лишен е од слобода А.Ш.(32) од Прилеп, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела грутчеста материја и неколку таблетки.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …