Претседателот на ЕБОР ќе ги потврди инвестициите на банката при посетата на државата

Претседателот на ЕБОР ќе ги потврди инвестициите на банката при посетата на државата

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сер Сума Чакрабарти ќе се сретне со владини и претставници од бизнис заедницата во Скопје на 6 мај, за време на регионалната посета на Западен Балкан, која доаѓа како подготовка пред Годишното собрание на ЕБОР, кое се одржува идната недела во Сараево.

„Претседателот на ЕБОР, ќе ја потврди посветеноста на Банката во однос на натамошните инвестициите во земјата и на Западен Балкан. Ќе ја истакне и позицијата на банката како стратешки партнер на Северна Македонија, која до денес е водечки институционален инвеститор со 1,9 милијарди евра во 150 проекти. Банката со своите активности во Северна Македонија се фокусира на поддршка на конкурентен развој на приватниот сектор, зајакнување на безбедноста и одржливоста на енергијата, како и поддршка на поврзувањето и регионалната интеграција“, се вели во соопштението на ЕБОР.

Минатата година ЕБОР ги интензивираше активностите на Западен Балкан, инвестирајќи над 1,1 милијарди евра во 67 проекти. Банката планира да го задржи или за нијанса да го зголеми нивото на досегашните регионални инвестиции.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …