Во еднодневна посета на нашата земја денеска ќе пристигне претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел.
Во рамки на посетата, високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција.
Претходно, во рамки на посетата, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе оствари средба и со претседателот Стево Пендаровски.