Денеска и утре, 2 и 3 октомври, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ќе престојува во официјална посета на нашата држава.
Црногорскиот претседател ќе оствари тет-а-тет средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во „Вила Водно“. Точно на пладне, двајцата претседатели ќе имаат заедничка прес конференција, после што претседателот на Црна Гора ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“ во Скопје.
Во рамките на посетата, црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ ќе се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.