Претседателот Пендаровски го прими Глаук Коњуфца, претседател на Парламентот на Косово

Претседателот Пендаровски го прими Глаук Коњуфца, претседател на Парламентот на Косово

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Глаук Коњуфца, претседател на Парламентот на Република Косово, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи, со акцент на парламентарната соработка, при што двајцата соговорници изразија задоволство од динамиката и соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Косово кои одржуваат позитивни и конструктивни односи, со отворен дијалог на сите нивоа и без отворени прашања.

Соговорниците разговараа и за последните случувања во Косово при што претседателот Пендаровски повика на нормализирање на односите со што ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот, како на нашите соседи, така и на целиот регион. Во тој контекст, претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Република Северна Македонија го поддржува дијалогот Белград-Приштина за изнаоѓање сеопфатно решение, со посредство на ЕУ и САД.

На средбата се разменија мислења и информации за состојбите во регионот при што се констатираше дека во контекст на новите геополитички предизвици предизвикани од војната во Украина, мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …