Претседателот Пендаровски ја прими постојаната координаторка на ООН во Македонија, Росана Дуџак

Претседателот Пендаровски ја прими постојаната координаторка на ООН во Македонија, Росана Дуџак

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими постојаната координаторка на ООН во Република Северна Македонија, Росана Дуџак и тим лидерот на групата експерти за реализација на новата рамка за соработка на земјата и агенциите на Обединетите нации, Роберт Скот Хејзлет.

Соговорниците го информираа претседателот Пендаровски за досегашните активности во рамки на постоечката стратегија – Партнерство за одржлив развој на ОН 2016-2020,  како и за планираните активности во рамки на новата стратегија за периодот 2021-2025.

На средбата беше разговарано за предизвиците коишто произлегуваат од  реализацијата на приоритетните области на соработка: вработување, социјална инклузија, добро владеење, заштита на животната средина, родова еднаквост, како и мигрантската и бегалска криза.

 Соговорниците изразија задоволство од можноста за придонес во спроведувањето на реформите во насока на промовирање рамномерен и одржлив развој, потпомагање при постигнувањето на националните приоритетни цели и поддршка на интеграцијата на земјата во Европската унија.

Претседателот Пендаровски ја нагласи исклучително важната улога на стратегијата на ОН 2021-2025 во обезбедување на благосостојба на граѓаните на Северна Македонија и за севкупниот просперитет на  државата, со цел забрзување на нашиот евроинтегративен процес.

Тој изрази очекување дека стратешкото партнерство на Северна Македонија со Обединетите нации и во иднина ќе се зајакнува, притоа нагласувајќи дека нашето членство во организацијата од 1993 година се темели на доследно почитување на основните принципи и постулати на Повелбата на ОН.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …