Претседателот Пендаровски ќе се обрати на средбата на Државниот завод за статистика со градоначалниците во пресрет на пописот

Денеска во Големата сала на Собранието на Република Северна Македонија, со почеток во 12:00 часот, Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на средбата што Државниот завод за статистика ја организира со градоначалниците на општините.

Средбата е посветена на значењето и улогата на локалната самоуправа во процесот на подготовка и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој ќе се одржи од 1 до 21 април оваа година.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки

„Оваа Влада покажа како се зголемуваат пензиите на системски начин. Донесовме решение за зголемување на …