Претседателот Пендаровски на најдобрите дипломирани инженери им го додели признанието „Инженерски прстен“

Претседателот Пендаровски на најдобрите дипломирани инженери им го додели признанието „Инженерски прстен“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани студенти од факултетите што негуваат инженерски дисциплини во Република Северна Македонија.

Признанието по 16-ти пат го доделува Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, како поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок. Годинава добитници на признанието се 11 дипломирани инженери.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски порача дека ќе се залага за одговорен однос кон образовниот систем и дека младите луѓе мора да добијат нови можности и перспективи за да го реализираат својот потенцијал и стекнато знаење.

„Посакувам и се надевам дека најголем дел од Вас, своето знаење и искуство стекнато надвор ќе го имплементирате во земјава, се со цел да изградиме едно подобро општество за сите. Примената на нови знаења во сите сегменти, а посебно во развојот на техниката и технологијата и тоа како е битна, бидејќи само со вистински реформи може да постигнеме напредок во земјава. Како што и наглaсив во мојата изборна кампања, како претседател ќе се залагам за одговорен однос кон образовниот систем, младите луѓе мора да добијат нови можности и перспективи за да го реализираат својот потенцијал и стекнато знаење, тука, во нашата држава, а нашите заложби за што побрз влез во евроатлантските структури и чекорите што досега се преземени, се вистинскиот правец во кој ќе продолжиме да се движиме“, рече претседателот Пендаровски.

„Отварањето на европските претпристапни фондови, можноста за поголема мобилност во образованието, практичната работа и наобразба во европските земји се само дел од перспективите што стојат пред Вас. Вие сте на почетокот на својата кариера, затоа, ве охрабрувам да продолжите понатаму, по патот на знаењето и успехот“, рече претседателот Пендаровски, посакувајќи им успешна кариера на добитниците на признанието.

Досега, признанието „Инженерски прстен“ го добиле 150 дипломирани инженери.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …