Претседателот Пендаровски на Охридски пливачки маратон

Претседателот Пендаровски на Охридски пливачки маратон

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид присуствува на 35. Охридски пливачки маратон што се одржува под негово покровителство.

На стартот, претседателот Пендаровски им посака мирно езеро и успешна трка на учесниците, нагласувајќи го нивниот придонес во афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон.

Претседателот Пендаровски, проследи дел од маратонот во придружба на талентирани ученици, добитници на награди на меѓународни натпревари, кои се гости на претседателот и сопругата како дел од програмата за поддршка на млади таленти „Отворен Кабинет за талентирани ученици“.

Годинава во машка категорија се натпреваруваат Арне Фурлан Штулар од Република Словенија, Франческо Гетини од Италијанската Република, Матијас Дијас Хернандес од Аргентинската Република, Сидрит Деску и Арион Будима од Република Косово, како и домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Единствената учесничка во женска категорија, годинава, е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …