Претседателот Пендаровски оддаде почит на десеттемина армиски резервисти загинати кај Карпалак

Претседателот Пендаровски оддаде почит на десеттемина армиски резервисти загинати кај Карпалак

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Прилеп, присуствуваше на одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак. Претседателот Пендаровски положи цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во центарот на градот и оддаде почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски.

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија положи цвеќе и пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, каде што на 8-ми август 2001 година животот го загубија десеттемина армиски резервисти од Прилеп.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ не смогна сили да излезе од партиските интереси и да го поддржи законот за Кочани

Талевски: ДПМНЕ не смогна сили да излезе од партиските интереси и да го поддржи законот за Кочани

Жалам што ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да излезе од тесно партиските интереси и да го …