Претседателот Пендаровски се обрати на тркалезната маса „Патот кон ЕУ и НАТО: Перспективи и предизвици“

Претседателот Пендаровски се обрати на тркалезната маса „Патот кон ЕУ и НАТО: Перспективи и предизвици“

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се обрати на тркалезната маса насловена „Патот кон ЕУ и НАТО: Перспективи и предизвици“, организирана од Советот на амбасадори.

Во своето обраќање, Пендаровски изрази благодарност до земјите-членки на ЕУ што проширувањето остана на агендата на Унијата и изрази очекување дека Северна Македонија ќе ги почне пристапните преговори за време на хрватското претседателство и дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена на состанокот на Европскиот совет во март 2020 година.

Тој рече дека ефектите од одлуката за почеток на преговорите ќе имаат позитивно влијание врз политичките процеси, реформската агенда, резултатите кои треба да се испорачаат, како и генерално, врз оптимизмот во општеството. Оттука, порача Претседателот, важно за нашата држава е кога таа одлука ќе биде донесена.

Претседателот изрази очекување дека процедурата во Шпанија за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО се очекува да заврши до почетокот на изборите во нашата држава.

Претседателот Пендаровски порача дека е неопходно нашата држава да спроведе фер, слободни и демократски избори.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …