Претседателот Пендаровски се сретна со Васил Стерјовски, пратеник со македонско потекло во Собранието на Албанија

Претседателот Пендаровски се сретна со Васил Стерјовски, пратеник со македонско потекло во Собранието на Албанија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со Васил Стерјовски, пратеник со македонско потекло во Собранието на Република Албанија, како и со делегација на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција од Република Албанија.

На средбата претседателот Пендаровски изрази задоволство од изборот на Стерјовски, како дел од албанското Собрание и изрази уверување дека со неговата работа ќе придонесе за натамошно унапредување на севкупната соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, како две соседни и пријателски држави и позитивно ќе придонесе за унапредување на положбата на македонското малцинство во Албанија.

Република Северна Македонија и Република Албанија, истакна претседателот Пендаровски на средбата, имаат идентични приоритети и визија за иднината, посветени се на добрососедските односи, на регионалната соработка, на интеграцијата во европските структури.

Претставниците на Македонската алијанса за европска интеграција ги претставија тековните активности на партијата, за коишто очекуваат придонес од Кабинетот на Претседателот Пендаровски, а чиј фокус е унапредување на положбата на македонското малцинство во Албанија.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …