стево прендаровски претседател

Претседателот Пендаровски во дводневна работна посета на Брисел

Претседателот Стево Пендаровски на 27 и 28 април 2021 година ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да оствари средби со челниците на Европската Унија и на НАТО.

Во вторник, 27 април, претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук, како и со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Во среда, 28 април, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …